САД исклучија некои влади од „Самитот Америка“: Причината е недостатокот на демократија
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден донесе конечна одлука да ги исклучи владите на Куба, Венецуела и Никарагва од Самитот Америка, соопштија денеска функционери запознаени со прашањето.
-Британските медиуми пренесоа дека одлуката на САД уследи по неколкунеделните интензивни размислувања, и сега во опасност од бојкот го доведува собирот во Лос Анџелес што се оддржува неделава, доколку мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и некои други лидери решат да не се појават на него.
Американските власти утврдија дека загриженоста за човековите права и недостатокот на демократија во трите земји се причини за исклучување од самитот, изјави доцна синоќа извор од Вашингтон.
Исклучувањето на Венецуела и Никарагва, предводени од левичарските лидери, веќе беше означено во последните недели.
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз Канел минатиот месец изјави дека нема да оди дури и доколку биде поканет, обвинувајќи ги САД за „брутален притисок“ самитот да биде неинклузивен.
На самитот се поканети кубански граѓански активисти.
Одлуката на САД прва ја пренесе агенцијата Блумберг, а Белата куќа не одговори на барањата за коментар.
Контроверите околу списокот на гости ја фрли во втор план целта на САД за искористување на Самитот за подобрување на односите со Латинска Америка.
На претседателот на Никарагва, Даниел Ортега, исто така му е забрането да присуствува на самитот, а доколку не се појави ни мексиканскиот претседател Лопез Обрадор, тоа би можело да ги покрене прашањата за изгледите за напредок во разговорите за ограничување на миграцијата на јужната американска граница, што е приоритет за претседателот Бајден, наведуваат британските медиуми.
Текстот е преземен од Опсервер
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данска го зголемува буџетот за одбрана на…
Данската влада најави огромно зголемување на буџетот…
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…
Бајден одобри пакет воена помош за Тајван
Американскиот претседател Џо Бајден одобри нов пакет…
Зеленски: Европа не може да ја спаси…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Европејците…