САД има нова амбасадорка во Македонија: Ангела Агелер положи заклетва

t

На церемонија во Стејт департментот на САД, Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Република Северна Македонија.

Амбасадорката Агелер е член од кариера на Високата служба за надворешни работи, а неодамна беше заменик-шеф на мисијата во Мисијата на САД во Пакистан. Таа служеше и како привремен вршител на должност.

Таа претходно служеше како министерски советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Париз, Франција, како дел од кариерата која вклучуваше и задачи во Скопје, Њу Делхи, Ханој и Вашингтон, Добитник на наградата за извонредност на помошник секретар и Наградата Mildred Sinclaire за јазик, амбасадорката Агелер зборува македонски, француски и малку хинди, соопштија од амбасадата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тензично: Поради “опасни нивоа на верска нетолеранција…

Турција издаде предупредување за патување во европските…

Нетанјаху: „Нашиот одговор ќе биде силен, брз…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави „силен“ и…

„Гласен Текстилец“: Породилното отсуство да се исплаќа…

Поголема заштита и унапредување на работничките права…

(Видео) Огромен пожар избувна по експлозија во…

По експлозија во фабрика за производство на…

Левица ќе излезе на протест доколку се…

Провокациите од бугарска страна не престануваат! Најнова…