САД и Унгарија склучија договор од 114 милиони долари за нуклеарно гориво
САД и Унгарија потпишаа договор вреден 114 милиони долари за снабдување со американско нуклеарно гориво, соопшти Стејт департментот, оценувајќи ја соработката меѓу двете земји како достигнување нови височини.
Компанијата „Вестингхаус“ ќе го снабдува унгарскиот нуклеарен реактор „Пакс I“, кој произведува околу половина од електричната енергија во земјата. Договорот следи по средбата на претседателот Доналд Трамп и премиерот Виктор Виктор Орбан во Вашингтон.
Стејт департментот истакна дека со договорот се отвора пат за подлабока соработка во цивилната нуклеарна индустрија, вклучувајќи ги малите модуларни реактори и складирањето на потрошено гориво. Исто така, САД и Унгарија планираат Будимпешта да стане центар на новиот пазар на малите модуларни реактори во Централна Европа, со цел промоција на американските нуклеарни иновации и развој на трансатлантска индустрија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД и Унгарија склучија договор од 114…
САД и Унгарија потпишаа договор вреден 114…
Македонското здравство уште не може да си…
Министерството за здравство сè уште пребројува колку…
Потпретседателот на САД предизвика дебата за меѓурелигиски…
Потпретседателот на САД, Џејмс Дејвид Венс, предизвика…
(Видео) Руски крипто милионер и неговата сопруга…
Рускиот крипто милионер Роман Новак, претходно осуден…
Алиу од ДПА: Не сме добиле покана…
Демократската партија на Албанците денеска во Тетово…