САД нема да ѝ испорача тактички ракетни системи на Украина

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, изјави САД нема да ги испорачаат армиските тактички ракетни системи (ATACMS) како дел од новиот пакет воена помош за Украина.
Тој соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден ќе објави нов пакет кој ќе вклучува системи за воздушна одбрана и друго оружје за да и помогне на Украина пред тешката зима.
Американскиот лидер постојано разговара со своите воени и европски колеги, како и со самите Украинци, за тоа што е потребно на бојното поле во која било фаза од војната, изјави Саливан.
Тој објасни дека Бајден одлучил дека нема да испрати тактички ракетни системи, но дека и не ја исклучил таа можност за во иднина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба: Украина ќе продолжи во битката против…
Украина ќе продолжи во битката против руската…
Нема НАТО за Украина, туку само патоказ
Блокот предводен од САД вети „интероперабилност“ -…
Амбасадата на САД открива за што разговарале…
Силна поддршка од САД за Македонија, нашиот…
НАТО: Русија има огромна зимска залиха на…
Руските сили се подготвуваат за нови напади…
Американски воено летало се сруши во Јапонија
Властите на островот Окинава бараат приземјување на…