САД откажаа тест на нуклеарна ракета за да ги намалат тензиите со Русија
Војската на САД го откажа тестирањето на својата интерконтинентална балистичка ракета Минутмен III, која првично планираше само да го одложи во обид да ги намали нуклеарните тензии со Русија за време на војната во Украина, рекле во петокот воздухопловните сили за Ројтерс.
Пентагон најпрво најави одложување на тестот на 2 март, откако Русија соопшти дека ги става своите нуклеарни сили во состојба на висока готовност. Вашингтон тогаш рече дека е важно и САД и Русија „да го имаат предвид ризикот од случајна грешка и да преземат чекори за да ги намалат тие ризици“.
Но тогаш рекоа дека само да го одложуваат тестот „за малку“ и дека не го откажуваат.
Портпаролката на воздухопловните сили Ен Стефанек рече дека одлуката за откажување на тестот на ракетата ЛГМ-30Г Минутмен III се должи на истите причини како и кога првпат беше одложен. Следниот тест на Минутмен III треба да се одржи кон крајот на оваа година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин: Русија се залага за рамномерен развој…
Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…
Британија привремено го повлекува целиот персонал од…
Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…
Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…
Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…