Објавено на:

САД: Путин најверојатно ќе прогласи воена состојба во Русија!

t

Претседателот на Русија, Владимир Путин се очекува да стане понепредвидлив и може да нареди воена состојба во Русија за да ги поддржи неговите амбиции во Украина, нагласи денеска директорката на Националното разузнавање на САД, Еврил Хејнс.

Целите на Путин се поголеми од руските воени капацитети, а тоа „веројатно значи дека следните неколку месеци би можеле да вдиме движење во понепредвидлива и потенцијално ескалаторна траекторија“, рече Хејнс на сослушувањето во Сенатот.

„Сегашниот тренд ја зголемува веројатноста претседателот Путин да се сврти кон подрастични средства, вклучително и воведување воена состојба, преориентирање на индустриското производство или потенцијално ескалаторни воени опции за да ги ослободи ресурсите потребни за да ги постигне своите цели“.

Хејнс додаде дека Путин најверојатно нема да нареди употреба на нуклеарно оружје освен ако државата не се соочи со „егзистенцијална закана“.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стејт департментот тајно го предупредил Конгресот за…

Стејт департментот тајно го предупреди американскиот Конгрес…

Зеленски дециден: Нема мир додека Русија не…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја отфрли можноста за…

Орбан: Оваа војна може да стави крај…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не…

Русија распореди авиони МиГ-31 со хиперсонични ракети…

Три авиони-пресретнувачи МиГ-31 со хиперсонични ракети воздух-земја…

САД, ЕУ и Канада бараат руските дијаманти…

САД, ЕУ и Канада бараат руските дијаманти…