САД распоредува дополнителни американски трупи и воена опрема во Источна и Југоисточна Европа

t

Американскиот претседател, Џо Бајден, издаде наредба до американската војска во Европа да ја засили одбраната во земјите кои се граничат со Украина, со распоредување дополнителни трупи и авијација во балтичките земји, Полска и во југоисточното крило на НАТО.

Силите ќе бидат префрлени во текот на неделата – соопшти претставник на Министерството за одбрана.


Министерот за одбрана Лојд Остин дал наредба за префрање на 800 американски војници од Италија во балтичките земји. Префрлање ќе има и на осум воени авиони Ф-35 Лајтнинг 2 од Германија во оперативната база на источното крило на НАТО.

Дваесет офанзивни авиони АХ-64 Апачи исто така ќе бидат префрелни од Германија, а 12 хеликоптери Апачи ќе бидат префрлени од Грција.

Овој дополнителен состав ќе биде релоциран за давање сигурност на нашите НАТО сојузници во справување со потенцијална агресија против земјите членки на НАТО и се спроведува заедно со силите на земјите домаќини – изјави Остин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјите од ЕУ не успеаја да се…

Брисел се надеваше дека ќе постигне договор…

Министерство за одбрана на Русија: Соборивме три…

Руската армија во текот на ноќта собори…

Седум држави формираат заеднички систем за размена…

САД, Јапонија, Канада, Јужна Кореја, Тајван, Филипини…

(Фото) Дејли Мејл: Победникот на Евровизија се…

Фронтменот на украинскиот бенд Калуш Оркестар, кој…

Институтот за војна: Неспособноста на Русите доаѓа…

Институтот за војна објави нова анализа и мапа на…