САД сакаат да му запленат 2 авиони на руски олигарх

Нејасно е како американските власти ќе ги запленат авионите со оглед дека тие не се наоѓаат во САД. Со ваквата одлука во иднина ќе се отежнат меѓународни патувања со тие авиони
Федералниот суд во Њујорк дозволи заплена на два авиона во сопственост на рускиот олигарх Роман Абрамович. Како причина се наведува кршењето на забраната за извоз и американските санкции воведени против Русија, соопшти Министерството за правда на САД.
Станува збор за авиони тип „Боинг 787-9“и „Гулфстрим Г650ЕР“, чија вредност се проценува на повеќе од 410 милиони американски долари. Авионите се во сопственост и под контрола на рускиот милијардер и поранешен сопственик на фудбалскиот клуб „Челзи“.
Американскиот суд обвинува дека двата авиона во март се увезени во Русија од трети земји. „Боингот“ сега се наоѓа во Обединетите Арапски Емирати, а „Гулфстримот“ е во Русија.
Покрај заплената, американските власти побараа и парична казна за сопственикот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФСБ спречи бомбашки напад во Екатеринбург –…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска…
Зеленски: Русија ја нападна Украина со над…
Русија изврши над 300 напади со дронови…
Вучиќ е убеден дека САД ќе воведат…
САД ќе воведат санкции за српската компанија…
САД планира да му продаде на Израел…
Администрацијата на Бајден неофицијално го информираше американскиот…
Захарова ѝ одговори на Бербок: Вие грижете…
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи…