Објавено на:

САД си легнаа на брашното: Започнаа преговорите со Иран за нуклеарната програма

t

Иран и САД денеска во Катар започнаа индиректни преговори со посредство на Европската Унија за иранската нуклеарна програма.

Главниот ирански преговарач Али Багери Кани се состана со претставникот на ЕУ Енрике Мора во Доха, по претходниот состанок со катарските власти и иранскиот амбасадор.

Мора ќе ги пренесува пораките меѓу САД и Иран.

Катарскиот министер за надворешни работи рече дека целта на разговорите е повторно да се воспостави договорот „на начин што ќе ги поддржува и зајакнува безбедноста, стабилноста и мирот во регионот и отвора нови хоризонти за поширока регионална соработка и дијалог со Исламската Република Иран”.

Во 2015 година, Иран и неколку западни земји во светот постигнаа договор за иранската нуклеарна програма. Според договорот, Техеран драстично го намали збогатувањето ураниум во замена за укинување на економските санкции. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп еднострано ги повлече САД од договорот во 2018 година, што ги зголеми тензиите на Блискиот Исток и предизвика конфликти и инциденти.

Преговорите во Виена за иранската нуклеарна програма се во застој од март.

По пропаѓањето на договорот од 2015 година, Иран почна брзо да ги зголемува залихите на збогатен ураниум.

Иран инсистира дека не развива нуклеарна програма за воени цели. ОН и западните разузнавачки експерти велат дека Иран имал организирана воена нуклеарна програма во 2003 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД со предупредување за Турција: Да не…

Соединетите Американски Држави ја предупредија Турција да…

Жртви би биле 5 милијарди луѓе: Кој…

Кои земји би можеле да ја преживеат…

Фенгхе: Кина не може да се “скроти”,…

Кинеската Народноослободителна армија не се плаши од…

ФБИ: Безбедносните агенции се соочуваат со закани…

Федералното биро за истраги и Министерството за…

Захарова: На САД не им успеа да…

Плановите на САД да ја изолираат Русија…