САД: Со актуелните политики БиХ е далеку од ЕУ

Американскиот амбасадор БиХ Мајкл Марфи изјави дека на Босна и Херцеговина ќе и бидат потребни децении да се приклучи на ЕУ доколку продолжат актуелните политички трендови. Тој предупреди на влошување на етнонационализмот, корупцијата и недостатокот на економски можности, кои ги принудуваат луѓето да емигрираат. Марфи ги обвини политичарите како Милорад Додик дека се збогатуваат на сметка на граѓаните и го блокираат напредокот, објавија босанските медиуми.
Тој нагласи дека американската политика кон Босна и Херцеговина нема да го промени правецот и покрај победата на Трамп и го поддржува продолжувањето на активностите на Канцеларијата на високиот меѓународен претставник (ОХР) и зајакнувањето на изборниот интегритет. Додик реагираше жестоко, нарекувајќи го Марфи „трујач на јавниот простор и шегаџија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…
Ден на жалост ќе биде прогласен и…
Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина…
Aлбанскиот вод на ЕУФОР во БиХ спроведe…
Албанскиот вод на мултинационалниот баталјон на ЕУФОР…