Објавено на:

САД тренираат украински војници во Германија

t

Откако е почната руската инвазија на Украина, владата во Киев добива помош пред сѐ од САД. Вашингтон не само што помага финансиски, туку доставува и оружје и муниција. Сега, американската влада прави чекор подалеку – обучува украински војници за ракување со артилерско оружје.

Портпаролот на американското министерство за одбрана, Џон Кирби, соопшти дека во американските бази во Германија е почната обука за ракување со хаубици и радарски системи. Обуката, како што се вели, се одвива во договор со германската влада, која дава поддршка при координацијата и организацијата.


Тренинг на повеќе места

Во моментов се обучуваат две групи со околу 50 припадници на украинската армија. Тие потоа во Украина ќе обучуваат други војници. Се размислува и за обука преку видео-врска, објасни Кирби.

Со тренингот раководат 160 припадници на Националната гарда Флорида, кои и пред почетокот на војната биле стационирани во Украина со цел за обука, се вели од американското Министерство за одбрана. Во февруари, од безбедносни причини, тие биле распределени во различни ЕУ-држави. Сега припадниците на Националната гарда повторно се вклучени во тренинг на украински војници, но надвор од територијата на Украина, изјави Кирби.

Кирби го обвини Путин за бруталност

Портпаролот на Пентагон невообичаено емоционално го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин поради начинот на водење војна во Украина.

„Тоа е бруталност од најстуден и најразвратен вид“, рече Кирби. „Мислам дека не го проценивме правилно степенот до кој тој би покажал ваков тип на насилство и суровост.“ Тешко е да се гледа што прави шефот на Кремљ во Украина, изјави Кирби, кој го нарече „глупост“ военото оправдување на Путин дека сака денацификација на Украина и заштита на руските граѓани во земјата. 59-годишникот набрзо потоа се извини за својот емотивен испад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи откри: Ова е најкритичен и неприфатлив…

Вметнувањето на протоколот во преговарачката рамка го…

Србија ќе има најмодерна заштита од град…

Природните непогоди, од почетокот на пролетта, многупати…

Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те…

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели…

Протести во Грузија по недобивањето кандидатски статус…

Неколку десетици илјади луѓе се собраа вечерва…

Путин им се обрати на матурантите: Поставете…

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин им…