Само на Арачиново не: Ќе се исклучува струја на сите неплаќачи, на списокот болници, затвори, факултети

t

ЕВН објави дека веќе се испраќаат известувања, а и ќе ги исклучуваат од струја сите институции неплаќачи. На списокот се болници, затвори, студентски домови, Зоолошка, Железници, судови и факултети.

Долгот е милионски, околу 13 милиони евра, Железници должи околу 6 милиони, затворите имале околу 1 милион долг. Ако останат без струја тоа ќе значи колапс на железничкиот транспорт во земјава, затоа што ќе бидат укинати возовите на електричен погон, па во употреба ќе останат само оние што користат нафта. За болниците и студентските домови прекинот на струја ќе е катастрофален.

Согласно Правилата за снабдување со електрична енергија, потрошувачи чие снабдување со електрична енергија не смее да биде прекинато се: болници, клиники, посебни здравствени установи, установи за прва помош, јавни објекти за водоснабдување, објекти и средства за јавен превоз, како што се аеродроми, железнички и автобуски станици и сигнални станици во јавниот сообраќај, хидрометеоролошки и сеизмолошки станици и градинки.

Според членот 44 став 3 од законот, ЕВН Хоум го известило МЕПСО дека рокот за доставување на една од гаранциите за плаќањето, како и времетраењето на снабдување со струја од краен снабдувач истекуваат и побарале од операторот да се прекине снабдувањето со струја на МЖ Транспорт.

Ова значи дека државата ќе мора да им ги покрие долговите за електрична енергија на оние клучни институции што имале објективни причини да не плаќаат, но децидни се дека не и на оние институции кај кои не постои оправдување за недомаќинско работење. Ова денес го изјавија и министерот за економија Крешник Бектеши и премиерот Ковачевски.

Бектеши дециден дека неодговорно и недомаќинско работење Владата нема да поддржи и дека тоа јавно ќе биде објавено. Неприфатливо е, рече, да се трошат непотребно средства кога Владата веќе ги одредила количините за снабдување со електрична енергија на основните и средните училишта. Некои директори на училиштата, како што рече, не се пријавиле за обезбедување струја по поволна цена од 95 евра за цела грејна сезона зашто не нашле време што го имале со недели за да пополнат апликација.

-Речиси половина од основните и средните училишта во нашата држава не аплицирале, не биле заинтересирани да имаат поволна цена на електрична енергија која ќе ја обезбеди ЕСМ за нивните потреби. Тоа е неодговорно однесување на сите тие што раководат со училиштата и според мене намерно прават дополнително трошок на општините кои се пари на граѓаните, рече Бектеши, додавајќи дека истото важи и за јавни комунални претпријатија кои не аплицирале за субвенционирана цена и со денешните цени да плаќаат по 400 евра или трипати поскапо од тоа што можеле да го добијат.

Во однос на цената на струјата за граѓаните, министерот е дециден дека се прави сè струјата да не поскапи. И како што засега стојат работите, таа нема да поскапи и покрај фактот што се зголемува ДДВ-то. Тој појасни дека најверојатно нема да дојде до промена во четирите тарифни блокови за потрошувачка на електричната енергија.

„Одлуката за евентуална промена во цената на струјата од 1 јануари ќе се носи во интерес на граѓаните. И тука најверојатно ќе нема поскапување, но не е в ред во време на криза одредени домаќинства со повисоки приходи да имаат иста цена со граѓаните кои имаат просечни приходи. Одредени домаќинства во земјава трошеле повеќе од одредени компании и тоа големи. Зборуваме за над 30-40 мегавати месечно, што значи тие домаќинства ќе плаќаат согласно пазарните услови, а зошто да не и дополнително со маржа од страна на ЕВН Хоум и ЕСМ“, рече Бектеши.

Што се донесува до ресурси, според директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, снабдувањето со електрична енергија е сигурно и стабилно.

„Производството е зголемено и нема прекин, односно намалена испорака на електрична енергија“, рече тој.

Граѓаните да бидат спокојни зашто електрична и топлинска енергија ќе има до крајот на грејната сезона, без застои и без оптоварување на нивниот буџет. Не треба да веруваат во секакви непроверени информации и во паниката од опозицијата зашто тоа може да биде на штета на домаќинствата кои, слушајќи ги, може да прават дополнителни трошоци за алтернативно загревање, порача министерот за економија Крешник Бектеши.

По подолга пауза, од вчера беше вклучена термоцентралата Осломеј, по ремонтот што траеше неколку месеци. По два месеца сервис и ремонт, денеска започна процедурата за пуштање во употреба и на ТЕЦ Неготино. РЕК Битола, пак, работи со два од трите блока, а имаше денови кога работеше само еден блок. За работа на третиот блок се чека трансформаторот од Турција тежок 240 тони. Властите очекуваат да пристигне до средината на овој месец. Поради тежината, композицијата долга 60 метри побарува специјални услови за движење, зајакнување на патната инфраструктура на одредени делови на трасата, посебна сообраќајна регулација и управување со мала брзина“, соопшти државниот производител ЕСМ.

Според ЕСМ, во договорот со економскиот оператор што ги изведувал работите било наведено дека зафатите треба да завршат до 15 декември, но со засилениот интензитет на работа и зголемениот ангажман на вработените, рокот бил скратен за 10 дена, што во услови на енергетска криза ќе значи економски и енергетски бенефит.

Васко Ковачевски, генералниот директор на ЕСМ, објави дека денеска почнала испораката од 600.000 тони јаглен од Грција за термоелектраните.

– Денеска почна испораката на новите количини јаглен од Република Грција, каде што имаме потпишано договор за 600.000 тони јаглен што ќе треба да се носи во наредните 12 месеци. Цената што е постигната за овој јаглен е 59 евра од тон, што значи дека имаме една од најниските цени на купен јаглен во Европа во овој момент на енергетска криза, рече Ковачевски.

Оваа цена, според Ковачевски, била добиена поради, како што рече, поддршката што ни ја дава Грција по меѓувладините средби во Атина. Тој дополни дека ЕСМ има нов договор за 180.000 тони мазут од јануари до јуни 2023.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД БАРААТ БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈА ДА ЈА…

САД продолжуваат да ја поддржуваат целосната евроатланска…

Медведев го викнаа да чита руска литература,…

Руските државни медиуми и Министерството за култура…

(Видео) Супер Столе во Шпанија: Македонскиот голман…

Екипата на Рајо Ваљекано забележа важна победа…

Ако си против загадувањето од УСЈЕ те…

Цементарницата Титан-Усје е еден од најголемите загадувачи…

Бендевска: КСЗД поднесе барање за поведување прекршочна…

Во петокот комисијата за спречување и заштита…