(Фото) Саниран деликатен дефект поради кој дел од Скопје беше без водоснабдување

t

Во текот на вчерашниот ден теренските екипи на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје се соочија со дефект на ул. „Теодосиј Гологанов“, односно на крстосницата со ул. „Анкарска“.

Поради дефект на цевка со дијаметар од 400мм без водоснабдување беа оставени жителите од соседните улици, односно улиците: „Митрополит Теодосиј Гологанов“, „Анкарска“, „Атинска“, „Њуделхиска“, „Бахар Моис Римска“, „Панче Пешев“, „Наум Евро“ и дел од улица „Борка Талески“, а со намален притисок на водоснабдување беа дел од жителите на населба Козле.

Дефектот бил деликатен, бидејќи цевката била длабоко под асфалтот и од истата било откинато големо парче на пластика, што укажува на тоа дека со оглед на големината на дефектот, истиот е саниран и завршен за многу кусо време, а жителите од околните улици уште во текот на вчерашниот ден биле приклучени и имаат непречено водоснабдување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска во центарот на Скопје се отвара…

Денеска во Скопје со церемонија која ќе…

Што се случува со децата? Скопјанец прјавил…

Жител на Скопје вчеравечер пријавил дека неговиот…

(Видео) Бугарски културен центар ќе никне во…

Бугарската пропаганда нема крај ниту во пракса…

Уапсен криумчар на мигранти во Скопје

На автопатот Гевгелија-Демир Капија, после тунел „Јаворица“,…

(Видео) Директорот на ФК Шкупи: Не сите…

Советот на Град Скопје денеска донесе одлука…