Санкции и во спортот: Руските и белоруските тенисери ќе настапуваат без знаме и интонирање на химна

Руските и белоруските тенисери ќе можат да играат на турнири организирани од АТП и ВТА, но под неутрални знамиња, објавија тие организации.
Според соопштението, руските и белоруските тенисери до дополнително известување ќе играат во таков статус на Грен слем турнирите.
Играчите од Русија и Белорусија ќе продолжат да се натпреваруваат на меѓународните тениски турнири, но ќе мора да играат под неутрални симболи, без знамиња и химни, до понатамошно известување“, се вели во соопштението.
АТП и ВТА претходно го откажаа Купот на Кремљ, кој беше закажан за октомври, а Меѓународната тениска федерација го суспендираше членството на Тениската федерација на Русија и Тениската федерација на Белорусија во нејзините органи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Путин бара од Украинците да земат руско…
Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…
Вулин: Руските разузнавачки служби ни помогнаа против…
Српскиот вицепремиер Александар Вулин рече дека руските…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…