Санчез за драмата во Шпанија: Станува збор за напад врз територијалниот интегритет на нашата земја

Шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез во саботата ја нарече драмата во Мелила, шпанска енклава на територијата на Мароко, „напад врз територијалниот интегритет“ на Шпанија.
„Станува збор за напад врз територијалниот интегритет на нашата земја“, изјави Санчез на прес-конференција во Мадрид.
Санчез ја обвини „мафијата која се занимава со трговија на луѓе“, за одговорност за „насилниот напад“ на границата на Мароко и енклавата Мелила во кој животот го загубија 18 мигранти.
„Доколку некој е одговор за она што се случи на границата, тоа е мафијата којашто се занимава со трговија со луѓе“, истакна шпанскиот премиер.
Според последните податоци од мароканските власти, 18 илегални мигранти загинале кога речиси две илјади мигранти се обиделе да влезат во Мелила. Налетале на врискаа ограда којашто ја опкружува енклавата, што предизвика судир со безбедносните сили.
Во текот на изминатите десет години, шпанските енклави Мелила и Сеута, кои се наоѓаат на северниот африкански брег, станаа магнет за мигрантите главно од субсахарските области кои се обидуваат да влезат во Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпанија предлага прогласување на каталонскиот, баскискиот и…
Европскиот совет во вторник треба да расправа…
Шпанскиот премиер не оди на Самитот на…
Шпанскиот премиер Педро Санчез го откажа своето…
Османи од Шпанија: Врвен безбедносен приоритет за…
„Обединета и просперитетна Европа во мир може…
Илјадници мртви во Шпанија поради високите температури
Во Шпанија летово поради високите температури починаа…
УЖАС: Пет француски туристи силувале тинејџерка во…
Група од пет француски туристи и еден…