Сармат нема пандан во светот и долго нема да го има: Ракетата ќе излади многу вжештени глави!

Ништо слично не е создадено: Моќна руска ракета која ќе излади многу вжештени глави, велат од Руската Федерација со гордост.
Русија е принудена да ги зајакне своите вооружени сили бидејќи светот влегува во фаза на акутна нестабилност. Тоа е поврзано со целосно преструктуирање на светскиот поредок и создавање нови центри на моќ, вели рускиот воен експерт Константин Сивков по повод најавата дека руската армија ќе ја добие првата интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“ до крајот на годината.
Рускиот претседател Владимир Путин најавувајќи вооружување на руските сили со ракети „Сармат“ нагласи дека во светот нема пандан на „Сармат“ и дека „долго ќе го нема“.
Истовремено, тој потсети дека армијата веќе ги има на располагање најсовремените противракетни системи С-500.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дури сега ќе биде “жешко”: Путин ги…
Рускиот претседател Владимир Путин најави денеска дека руската армија…
Мислете му ја сега: Русија почна со…
Во Русија почна сериското производство на најновата…
“Да знаат со што си имаат работа”:…
Русија ќе му ја покаже на американскиот…
Ќе се збрише секој што ќе ѝ…
Директорот на руската вселенска агенција „Роскосмос“ Дмитриј…
Ударот на Посејдон ќе се знае дури…
Нуклеарната боева глава на подморскиот дрон има…