Саудиска Арабија ги повика граѓаните да го напуштат Либан: Европските земји го подигнуваат нивото на безбедност!

Амбасадата на Саудиска Арабија во Бејрут денеска ги повика сите граѓани на Саудиска Арабија веднаш да го напуштат Либан поради конфликтот меѓу Хамас и Израел, во кој беше вклучен и либанскиот Хезболах.
„Амбасадата на Кралството Саудиска Арабија во Република Либан внимателно го следи развојот на актуелните настани во регионот на јужен Либан и ги повикува сите граѓани да ја почитуваат забраната за патување и веднаш да ја напуштат територијата на Либан“, се вели во соопштението, според Ројтерс.
Светските медиуми пишуваат дека постои опасност актуелниот конфликт да прерасне во поширока војна на Блискиот Исток. Либанскиот министер за надворешни работи Абдала Бу Хабиб предупреди дека може да избие „сериозен регионален конфликт“ доколку Израел не ги прекине воздушните напади врз Појасот Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Истурила киселина врз љубовникот: 59-годишниот маж се…
Вистинска љубовна драма се случила во Неготин…
Двајца полицајци повредени во експлозија пред зграда…
Двајца полицајци се повредени по силна експлозија…
Со дрон се бара телото на маж…
На 02.01.2025 околу 16 часот во СВР…
Бербок во Дамаск: Една понуда и многу…
Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена…
Божиќно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г.…
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, поглавар…