СВР Тетово заедно со спортските клубови ќе работат на спречување инциденти

t

Претставниците на повеќе спортски клубови од гостиварскиот регион и СВР Тетово, во Гостивар одржаа состанок на кој биле дискутирани обврските за организирање на натпревари, за насилно и недолично однесување на навивичите и спречување на инциденти.

Средбата помеѓу одговорните за превенција и спортските работници е дел од планираните активности „Безбедно лето“, информираат од СВР Тетово.

Претставниците на клубовите поблиску биле запознати со обврските и со предвидените законски санкции.

– На средбата станало збор за законските обврски на клубовите за спречување на насилство на спортски натпревари, за нивните обврски поврзани со организација на домашните натпревари, но и за организирање на навивачите на претстојните гостувања, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Тој нагласува дека основната цел на средбата е да се укаже на превенирање евентуални инциденти на спортските натпревари, кои настануваат заради лоша организација или неспортско однесување на навивачите. Идната седмица ваква средба ќе биде организирана и во Тетово. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос: Апсење пред угостителски објект во Тетово

На 02.10.2022 во 22.55 часот пред угостителски…

Голема рација: МВР, ДПИ и УЈП ги…

Во контроли извршени вчера во златарници Скопје,…

Голема акција: УЈП и ДПИ влегоа во…

Државниот пазарен инспекторат во голема акција со…

Полицијата викендов ќе вежба пукање во Тетово:…

Секторот за внатрешни работи од Тетово ја…

Траги-комедија: Тетовка пронашла лична карта, наместо да…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(32)…