СДСМ: Медарот Мицкоски нема врска од енергетика – Може да учи од Ковачевски

t

Медарот Христијан Мицкоски потврди дека нема врска од енергетика, впрочем како најслаб директор на ЕЛЕМ тоа граѓаните и многи добро го знаат, велат вечерва од СДСМ.

Владеачката партија соопшти дека „кога Мицкоски беше советник на Груевски, а потоа и директор на ЕСМ, без никаква криза струјата поскапе за 100%“.

-Исто така ниту една електрана, ниту еден стратешки објект за производство на струја во земјава не е изграен додека Мицкоски беше советник и директор на ЕЛЕМ. Ама затоа Мицкоски си игради хидроцентрали за себе, за да ги полни своите џебови, а за граѓаните не направи ништо.

Мицкоски може да учи од Ковачевски што значи одговорно работење во енергетиката и што е вистинска грижа за граѓаните во услови на глобална енергетска криза. Рацете во медот, тендери и провизии, Мицкоски само за тоа се интересира, затоа и ништо не направил во сферата на енергетиката, ниту за граѓаните, стои во партиското соопштение од „Бихаќка“.

Вечерва во гостувањето на дебатна емисија на МТВ, Мицкоски наведе дека на Владата е „дали ќе ги искористат контактите кои ги обезбедив за снабдување на драстично поевтини енергенси или ќе продолжат да крадат“.

-На нив е дали Македонија ќе има одржлива енергетска слика, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зечевиќ од Липково: Ние ги отфрламе национализмот…

Вредностите и политиките на СДСМ за меѓусебно…

(Видео) Јовановиќ: СДС е партија која работи…

Фејсбук страната "Трета опција" објави видео од…

Зечевиќ: СДСМ ги препознава историските сигнали и…

СДСМ како државотворна партија повторно е исправена…

Досега не можеа – Каевски: Преку планираниот…

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на…

Левица вели власта е лицемерна кон лицата…

Левица ја обвинува власта за лицемерие кон…