СДСМ: Медарот Мицкоски нема врска од енергетика – Може да учи од Ковачевски

Медарот Христијан Мицкоски потврди дека нема врска од енергетика, впрочем како најслаб директор на ЕЛЕМ тоа граѓаните и многи добро го знаат, велат вечерва од СДСМ.
Владеачката партија соопшти дека „кога Мицкоски беше советник на Груевски, а потоа и директор на ЕСМ, без никаква криза струјата поскапе за 100%“.
-Исто така ниту една електрана, ниту еден стратешки објект за производство на струја во земјава не е изграен додека Мицкоски беше советник и директор на ЕЛЕМ. Ама затоа Мицкоски си игради хидроцентрали за себе, за да ги полни своите џебови, а за граѓаните не направи ништо.
Мицкоски може да учи од Ковачевски што значи одговорно работење во енергетиката и што е вистинска грижа за граѓаните во услови на глобална енергетска криза. Рацете во медот, тендери и провизии, Мицкоски само за тоа се интересира, затоа и ништо не направил во сферата на енергетиката, ниту за граѓаните, стои во партиското соопштение од „Бихаќка“.
Вечерва во гостувањето на дебатна емисија на МТВ, Мицкоски наведе дека на Владата е „дали ќе ги искористат контактите кои ги обезбедив за снабдување на драстично поевтини енергенси или ќе продолжат да крадат“.
-На нив е дали Македонија ќе има одржлива енергетска слика, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сегашниот градоначалник од СДС доделил стипендија од…
Сложни калуѓери и во петок мрсат е…
Груевски ги искара СДСМ како да се…
Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук ги…
(Видео) Дарко Костовски плукаше по мртов човек:…
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска…
СДСМ се пофали: Ветувањето за минимална плата…
Успеавме да донесеме системско решение за раст…
Груевски: Замислете кога сте болни наместо да…
Замислете кога сте болни и многу силно…