СДСМ: Медарот Мицкоски нема врска од енергетика – Може да учи од Ковачевски

Медарот Христијан Мицкоски потврди дека нема врска од енергетика, впрочем како најслаб директор на ЕЛЕМ тоа граѓаните и многи добро го знаат, велат вечерва од СДСМ.
Владеачката партија соопшти дека „кога Мицкоски беше советник на Груевски, а потоа и директор на ЕСМ, без никаква криза струјата поскапе за 100%“.
-Исто така ниту една електрана, ниту еден стратешки објект за производство на струја во земјава не е изграен додека Мицкоски беше советник и директор на ЕЛЕМ. Ама затоа Мицкоски си игради хидроцентрали за себе, за да ги полни своите џебови, а за граѓаните не направи ништо.
Мицкоски може да учи од Ковачевски што значи одговорно работење во енергетиката и што е вистинска грижа за граѓаните во услови на глобална енергетска криза. Рацете во медот, тендери и провизии, Мицкоски само за тоа се интересира, затоа и ништо не направил во сферата на енергетиката, ниту за граѓаните, стои во партиското соопштение од „Бихаќка“.
Вечерва во гостувањето на дебатна емисија на МТВ, Мицкоски наведе дека на Владата е „дали ќе ги искористат контактите кои ги обезбедив за снабдување на драстично поевтини енергенси или ќе продолжат да крадат“.
-На нив е дали Македонија ќе има одржлива енергетска слика, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во иста држава живееме? Каевски вели со…
Со зачленувањето во НАТО заокруживме една од…
Немаше да има двојазични полициски униформи без…
Двојазични полициски униформи немаше да има без…
(Видео) Народот го измамија измамници од најдолен…
Не згрешивме ние, налетавме на будали кои…
Од СДСМ велат Касами е изгубен во…
Од владејачката партија СДСМ, денеска реагираа на…
Апасиев: СДСМ пропаѓа, тоа ми се допаѓа
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, уште еднаш…