СДСМ: На кои домашни и странски политичари Мицкоски им велел “Дајте ми власт и ќе го сменам Уставот”?!

Ос СДСМ денеска излегоа с нови обвинувања за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кого го прашуваат на кој од странските политичари му барал власт за да го смени Уставот.
Во продолжение соопштението на Прес-центарот на СДСМ:
На лицемерието на Христијан Мицкоски му нема крај. Како докажан антиЕУ политичар јавно декларира дека ВМРО-ДПМНЕ е против уставните измени, па дури и мафташе со некакви изјави заверени од нотар дека пратениците од опозицијата се обврзале дека нема да гласаат за внесување на Бугарите во Уставот.
Но Мицкоски едно прави во јавноста, а сосема друго зад затворени врати.
Мицкоски да одговори дали на странските политичари кои доаѓаат во државата, вклучитечлно и на домашните политичари, на состаноците што ги има со нив им вели: “Дајте ми власт и ќе го сменам Уставот“?
Јавноста заслужува да ја знае вистината, на кои домашни и странски политичари Мицкоски и велел дека ќе го сменел Уставот доколку му дале власт?
Мицкоски се бори за власт и само за власт, нему не му се важни ни граѓаните, ни државата.
Расте кај Мицкоски стравот и нервозата, бидејќи како одминува времето Апасиев му ги зема гласовите, затоа тој станува се поекстремен, само за да не заостане зад Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маричиќ ја кани опозицијата да учествува во…
„Во наредните денови ќе објавиме кои имиња…
Димитриевски се пишмани: До скоро беше член…
Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во…
Не ги вработувале од партија, затоа младите…
Во Франција деновиве има големи протести поради…
(Фото) Социјалните мрежи вријат – Мицкоски изгуби…
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и раководството на…
Шанац: Кога лидерите се п*зди за патриотите…
Поранешниот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ…