СДСМ повторија: 100 дена успешно ја менаџираме кризата

Првите 100 дена од мандатот на новата Влада предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски поминаа во одговорно и посветено работење, поголеми плати и успешно менаџирање на последиците од економската и енергетската криза, велат од партијата, според која преземени се навремени и ефикасни мерки за заштита на стандардот на граѓаните.
Уште во првите недели минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари, а следува раст на платите во сите сектори согласно Законот за минимална плата.
Низ социјален дијалог, договоривме нова методологија со која пензиите од септември ќе растат со рекорден процент.
Обезбедивме дополнителна финансиска поддршка од 1.000 денари за социјално ранливите семејства и за пензионерите во времетраење од три месеци за справување со последиците од кризата.
Ги намаливме акцизите и ДДВ за нафтените деривати и го укинавме ДДВ-то за основните продукти.
Поради намалени трошоци за храна, горива и електрична енергија, просечно семејство заштедува околу 4.000 денари.
Сите овие државнички одлуки Владата предводена од СДСМ во првите 100 дена од мандатот ги донесе за заштита на стандардот на граѓаните.
Продолжуваме со реализација на мерки и политики што го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат економски раст, велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата следната недела ќе објави конкретни мерки…
Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук информираше дека…
Народот “врие”: На рандом човек од маркет…
И покрај изјавите на македонските власти дека…
Вучиќ: Ако Русите напредуваат вака споро, следната…
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, им порача на граѓаните наСрбија…
Медведев: ЕУ си пукаше во глава со…
Дмитриј Медведев, заменик-шеф на Советот за безбедност…
ОН: Кризата со храна ќе предизвика дополнително…
Кризата со храна предизвикана од војната во…