СДСМ прашува: За што е министер Љутков, за култура или за туризам?

„Додека над 3.000 културни работници беа во неизвеснот ја чекаа својата мартовска плата, министерот за култура Зоран Љутков не се задржа ниту еден ден во своето министерство“, велат денеска од СДСМ.
„Од Осака па до Венеција, министерот постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место. Во моментите кога вработените во културата протестираа пред Министерството, заборавени и игнорирани, Љутков позира на други континенти додека дома културата доживува финансиски колапс. Ова не е културна политика. Ова е културна деградација. Ова е ароганција и расипништво со партите на граѓаните“, пишува во соопштението на партијата.
„Културата не е декор за туристичко позирање. Таа е жив систем кој бара посветеност, почит и вистинска грижа. Додека Љутков патува, народот плаќа. Прашањето е: колку чинат екскурзиите на Љутков? Зарем вредат патувањата во странство повеќе од тоа да се работи дома за да се решат проблемите во културата“, додаваат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ прашува: За што е министер Љутков,…
„Додека над 3.000 културни работници беа во…
(Галерија) СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен…
РЕК Битола секој ден се уништува, производството…
„Максим ве искористи“, им порача првиот човек…
Претседателот на ОО СДСМ-Куманово, Дарко Ристовски, им…
СДСМ ќе поднесе предлог-закон за помош на…
СДСМ денеска во Собрание ќе поднесе Предлог-закон…
ЗНАМ и Максим го признаа историскиот скандал,…
Фатени во историски корупциски скандал, со очајната…