СДСМ: Францускиот предлог денес ќе биде достапен за јавноста, Владата водеше мудра дипломатија

t

Со вчерашната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, повторно покажа дека нема државнички капацитет ниту основно чувство за државност, особено за прашања од највисок државен и национален интерес. Се покажа дека Владата и премиерот Димитар Ковачевски доследно се држеа до државните позиции во однос на разговорите со Бугарија во секој поглед и го штитат националниот интерес и македонскиот национален идентитет, соопштија утрово од СДСМ.

Според владеачката партија, чист македонски јазик и историски прашања надвор од рамката, тоа беше државен став кој е содржан во новиот модифициран предлог.

-Детали за предлогот што беше доставен вчера попладне веќе денеска ќе бидат целосно објавени, го остваруваме она што го ветивме, дека ќе има широк консултативен процес тогаш кога ќе имаме предлог кој е вреден за таква дебата. Владата водеше мудра дипломатија, а кога дојде време транспарентно излезе во јавноста и сето тоа е резултат на добрата стратегија и позиции кои јасно ги постави премиерот Ковачевски, стои во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Закажани избори во Бугарија – СДСМ може…

Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска распиша предвремени…

СДСМ убедени: Референдум против ЕУ не може…

Кристално јасно е дека Христијан Мицкоски е…

Апасиев: Наместо да го затворат, СДС и…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев го коментира…

СДСМ најавуваат зголемување на пензиите од септември

Со ребалансот на Буџетот за 2022 година…

Тоа ќе остане: СДСМ за пет години…

Од денеска работат двете нови патарини на…