Северна Кореја пријави околу 270.000 нови случаи на треска

Северна Кореја пријави уште 269.510 случаи со симптоми на треска и шест смртни случаи во време кога земјата се соочува со ширење на епидемија до недијагностициран Ковид-19.
Според севернокорејскиот штаб за борба против вирусот починале 56 луѓе, а повеќе од 1,48 милиони луѓе се разболеле од треска од крајот на април. Се претпоставува дека поголемиот дел од тие случаи се Ковид-19.
Во Северна Кореја најмалку 663.910 луѓе се во карантин, а државните медиуми не наведуваат колку од случаите со треска се потврдени дека се Ковид-19.
Најверојатно на Северна Кореја и недостасува опрема за тестирање за да ги потврди инфекциите со коронавирус, а нејзиниот одговор на вирусот е главно изолација на луѓе со симптоми. Неуспехот да се забави ширењето на вирусот може да има тешки последици за Северна Кореја, со оглед на нејзиниот слаб здравствен систем и верувањето дека нејзините 26 милиони луѓе не се вакцинирани. Земјата, исто така, се соочува со неисхранетост и сиромаштија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три лица починаа, 151 нов случај на…
Во последните 3 дена (од 27.05 до…
НЕМА ПОЧИНАТИ: Ова е најновата Ковид 19…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…
Северна Кореја регистрираше скоро 2 милиони пациенти…
Пред само една недела го пријавија првиот…
Позната е новата ковид статистика
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…
Северна Кореја пријави околу 270.000 нови случаи…
Северна Кореја пријави уште 269.510 случаи со…