Објавено на:

Северна Кореја со родова промена во составот: Прв пат именувала жена за министерка за надворешни работи

t

Северна Кореја прв пат именувала жена за министерка за надворешни работи, јавиле денеска севернокорејските државни медиуми.

Чое Сон Хуи, поранешен заменик министер за надворешни работи, е именувана за шефица на дипломатија на состанокот на владејачката партија, со кој претседавал лидерот на државата, Ким Јонг Ун.

Таа ќе го замени Ри Сон Гвон, поранешен воен службеник кој ги водел преговорите со Јужна Кореја.

Чое била блиска советничка на Ким Јонг Ун во текот на нуклеарните преговори со САД и била во придружба на севернокорејскиот лидер на средбите со поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Национално омаловажување: Таче се израдува што бугарите…

Бугарија прифатила да го користи името „Северна“…

Колумна на Ќулавкова: Северна Македонија е парабола…

Уставот на секоја држава е по правило…