Северна Кореја тврди дека во Јужна Кореја има политичка парализа и хаос

Северна Кореја оцени денеска, по повод импичментот на јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јеол, дека во Јужна Кореја владее „политичка парализа и социјален хаос“.
„Во марионетската Јужна Кореја, по претседателот е издаден налог за апсење, што ги парализира државните работи и дополнително го продлабочи општествениот и политичкиот хаос“, соопшти корејската новинска агенција КЦНА.
Ова е првпат Северна Кореја да ја коментира моменталната ситуација во Јужна Кореја, односно импичментот на претседателот.
Јун се соочува со истрага за обидот да се прогласи воена состојба на 3 декември, а истражителите неуспешно се обидоа денеска повторно да го уапсат отповикуваниот претседател.
Една недела подоцна, Собранието гласаше за негов импичмент, а Уставниот суд ќе одлучи дали ќе ја потврди суспензијата на претседателот или ќе го врати на функцијата, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛДП бара итна контрола и во градинките,…
Не може да се најдат вистинските зборови…
МПЦ апелира за достоинствено и христијанско однесување…
Поворката со посмртните останки на загинатите од…
Илјадници луѓе во Софија со митута молк…
Илјадници синоќа со едноминутно молчење во Софија…
(Фото+видео) Ботови сакаат да испровоцираат меѓуетнички конфликт…
Интересно како истиот бот добива ексклузивно видео…
Подобрена здравствената состојба на пациент кој се…
Десет лица повредени во ужасниот пожар во…