Северна Кореја: 130 проектили кон демилитаризираната зона

Расположението не е добро во двете Кореји, веќе подолго време. Зачестеното ѕвечкање со сабји на комунистичкиот север ја распламтува опасноста од воена конфронтација.
Со месеци на назат конфликтот околу Корејскиот полуостров станува сѐ поексплозивен. Војската на Северна Кореја истрелува сѐ повеќе ракети со зачестена фреквенција и ја заострува својата реторика против јужнокорејската влада во Сеул. Во последниот инцидент денеска околу 130 артилериски гранати беа истрелани во близина на внатрешната корејска граница.
Плотунот проектили бил насочен кон демилитаризираната зона во близина на поморската граница меѓу двете земји. Ова се смета за прекршување на меѓукорејскиот договор од 2018 година, кој има за цел намалување на тензиите. Војската на Јужна Кореја одговори на артилерискиот напад со неколку предупредувања кон Северна Кореја.
„Масивен воен одговор“
Генералштабот на севернокорејската народна армија, меѓутоа, соопшти дека Јужна Кореја истрелала десетици проектили во понеделникот во близина на заедничката граница.. Северна Кореја „секогаш ќе ги земе предвид сите провокации од непријателот и ќе одговори со решителна и масивна воена акција“.
Навистина, јужнокорејската и американската војска одржуваат заедничка копнена воена вежба во близина на границата. Сојузничките војски годинава зачестено организираат заеднички маневри, наведувајќи го одвраќањето на Северна Кореја како причина за тоа. Воените активности на Северна Кореја веќе некое време се засилуваат..
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во среда ќе нема струја од 4…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре…
Хидранти нема ни во Совет на Општина…
Кумановските советници не дај Боже ќе изгорат…
(Фото) Тешка сообраќајна несреќа во Топанско Поле!
Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи…
Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…
На почетокот од 59. минута од вечерашниот…
Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…
Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…