Села: Вистината и правдата за Диво насеље ќе биде главна определба на Алијансата за Албанците

t

„Вистината и правдата за сценариот на настаните на 9 мај 2015 во Диво насеље – Куманово ќе биде главна определба на Алијансата за Албанците“, порача на Фејсбук лидерот на АА, Зијадин Села по повод 7 години од кумановските настани каде беа убиени 8 припадници на полициските сили на државата и 10 припадници на вооружените групи од Косово.

Според Села, СДСМ и ДУИ не успеале да го материјализираат ветувањето за повторување на судскиот процес на овој настан.

– На 9 мај, пред 7 години, земјава и Европа се разбудија со веста за војување во населбата Диво насеље во Куманово, каде беа убиени 10 припадници на воружената група и 8 припадници на полициските сили. Многу куќи беа срушени, жителите преживееја ужас, додека семејставата што живеат таму се уште ги трпат траумите. Во меѓувреме, кумановската група е осудена на 746 години затвор, и досега не е исполнето ниту едно ветување од режимот СДСМ-ДУИ за повторување на судскиот процес, ниту прикаските со ФБА и ЦИА на лидерот на ДУИ, напиша Села.

Наместо да се расветли случајот, додава Села, државата секој ден ги гази елементарните права на затворениците кои се грантирани со закон, како што се правото за фамилијарни посети, како и слободен викенд на затворениците.

– Ги повикуавме сите компетентни институции да ги почитуваат законите на сила, меѓународните конвенции и Уставот на државата кој вели дека пред законите сите се еднакви. Вистината и правдата за ова сценарио ќе биде една од главните определби на Алијансата за Албанците, нагласува Села.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Големо невреме ја зафати Србија

Невреме ја зафати Србија, па така на…

Абазовиќ брутален: Или јас или Ѓукановиќ ќе…

Абазовиќ: Она што се случува вечерва во…

(Видео) Најмалку 16 лица се повредени при…

Попладнево се случил инцидент во Тухељски Топлице,…

Молдавија ќе купува природен гас од Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, која е…

Руската армија обвинува: Украинците претвораат цивилни објекти…

Руска армија: Украинските нацистички баталјони ги претвораат…