Села најави уште една уставна измена? Ако нема Бадентер ќе има дводомен парламент!

t

Дали Христијан Мицкоски ги условува албанските партии за бришење на терминот 20% од Уставот со бришење на принципот на Бадинтер и балансерот? Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, продолжува да ја повторува истата реченица – ако зборуваме за проценти, да зборуваме и за Бадентер и балансерот, објави ТВ21.

Зијадин Села со одговор на ваквиот став на Мицкоски. Првиот човек на Алијанса за Албанците вели дека ако нема Бадентер, тогаш има дводомен парламент.

-Ако ме прашувате за отстранувањето на дефиницијата 20% и Македонија да се дефинира како држава со два службени јазици – албански и македонски, да, јас ќе го поздравам секој политичар кој е подготвен да седнеме и да разговараме на оваа тема. Во однос на другите теми кои ги отворате како што е Бадентер и балансер, ако некој политички чинител има на ум некаков друг механизам кој ќе ја запре мајоризацијата и е поефикасен од Бадентер, да, подготвени сме да разговараме. Дури ние имаме и предлог, ако нема Бадентер, да има дводомен Парламент, вели Зијадин Села, пишува Тв 21.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон “преживеа”: Не успеа гласањето недоверба во…

Француската влада денеска со мало мнозинство го…

Тепачка во турскиот парламент за време на…

Пратеник од опозицијата е хоспитализиран во Турција…

Шведска изгласа промена на Уставот за полесно…

Шведскиот парламент ги изгласа измените на Уставот…

Отиде Уставот “јабана”: Лидерската средба е за…

Пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева денеска…

Партиите тврдат: Владејачкото мнозинство и Владата се…

Партиите од владејачкото мнозинство тврдат дека нема…