Објавено на:

Селекторот вети: Со иста желба и мотивираност ќе играме и против Португалија!

t

Селекторот Благоја Милевски најави дека македонските фудбалери со иста желба и мотивираност како вчеравечер во Палермо ќе и се спротивстават и на Португалија во завршниот натпревар за пласман на Мундијалот во Катар.

Притисок секогаш ќе има, но и мотивот (за победа) секогаш е тука, без разлика кој ни е противник. Фер и коректно е да се надеваме дека можеме победиме, изјави Милевски по пристигнувањето на репрезентативниот табор вечерва на скопскиот аеродром.

Коментирајќи ја сензационалната победа над европскиот првак Италија на гостински терен, Милевски рече дека триумфот е „мотив плус и показател дека сме на вистинскиот пат“.

-Ние сме мала држава и мала репрезентација, во создавање. Нашата цел е да се развиваме и во иднина да се приближиме кон најдобрите, а овие резултати ни се показател дека сме на вистинскиот пат, изјави Милевски, кој денеска го прославува својот 51. роденден. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Селекторите едногласни: Во прв план е фудбалскиот…

На прес конференциите пред одигрувањето на утрешниот…

Сефте победа на македонските одбојкари за убедлив…

Во својот прв настап одбојкарската репрезентација на…

Кирил Лазаров и Филип Миркуловски ќе го…

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил…

Ракометна радост: Македонија ја победи Романија

Македонската ракометна репрезентација одигра натпревар со моќен…

Емотивна македонска поезија за војната

Профилот „Македонска поезија“ на социјалните мрежи со…