Семејството Назарбаев со два авиони избегало од Казахстан, еден долетал од Македонија?

t

Иако аеродромот во главниот град на Киргистан, Бишкек, нема информации за слетувањето на леталото на семејството на првиот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, како што пренесува  РИА Новости,, претходно, голем број медиуми објавија дека на меѓународниот аеродром Манас слетале два приватни авиони, кои наводно му припаѓаат на семејството Назарбаев.

Еден од нив долетал од Македонија, другиот од Обединетите Арапски Емирати. По некое време, двата авиони го напуштиле аеродромот на киргистанската престолнина.


„Немаме такви информации“, велат од аеродромот на прашањето дали во авионот имало членови на семејството на Назарбаев. Исто така, воздушното пристаниште не можеше да потврди дека авионите припаѓаат на семејството на поранешниот претседател на Казахстан.

Во првите денови од новата година почнаа протестните акции во Казахстан. Жителите на градовите Жанаозен и Актау, кои се наоѓаат во регионот Мангистау каде што се произведува нафта, протестираа против двојното зголемување на цената на течниот нафтен гас што се користи како гориво за автомобилите. Од републичкото Министерство за енергетика објаснија дека од 1 јануари неговата вредност почнала да се формира при електронското тргување на берзата врз основа на понудата и побарувачката.

На 4 јануари властите објавија дека се подготвени да го исполнат главното барање на демонстрантите – намалување на цената на бензинот. И покрај тоа, протестите започнаа и во другите градови. Тогаш Токаев ја распушти владата. Тој најави и дека доаѓа на чело на Советот за безбедност, кој претходно го предводеше првиот претседател на републиката Нурсултан Назарбаев. Владата воведе државно регулирање на цените на бензините и дизел горивата за 180 дена. Во целата земја беше воведена вонредна состојба.

Претседателот ги предупреди демонстрантите дека властите ќе преземат најстроги мерки против насилниците, бидејќи како резултат на немирите загинаа и припадници на безбедносните сили. Покрај тоа, демонстрантите направија неколку обиди да упаднат во административните згради и полициските одделенија, при што беа убиени десетици луѓе. Споменикот на Назарбаев во меѓувреме беше урнат во Талдикорган.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот европратеник Ќучук: После толку обиди за…

Бугарскиот европратеник и известувач за Македонија, Илхан…

Бугарски професор: Ветото е бугарска глупост на…

Бугарскиот професор Евгени Даинов вечерва во дебатниот…

Одлуката за Македонија ќе се носи во…

Коалицијата имаше многу конструктивен дијалог на темата…

Османи кон Кулеба: Македонците како никој друг…

Русија не само што ја мрази соседната…

Коалиционите партнери на Петков: Украина не може…

„Очекуваме да слушнеме што ќе се случува…