Објавено на:

Се бараат имиња за трите лавчиња во скопската Зоолошка: Еве како да дадете предлог

t

Посетителите на скопската Зоолошка градина од денеска ќе можат да даваат предлози за избор на имиња на трите нови женски лавчиња. Од денеска тие ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште и посетителите за првпат ќе имаат можност да ги видат одблизу.

Граѓаните, како што соопштија од Зоолошката, предлозите ќе може да ги ставаат во пластичните кутии кои се поставени на влезот на Зоолошката градина. Предлози ќе можат да се пишуваат и во коментар на објавата на фејсбук-страницата на Зоолошката градина, како и на објавата на фејсбук-страницата на Град Скопје.

Анкетата за именување на малите лавици ќе трае една недела, а во текот на следната недела одбраните имиња ќе бидат и јавно објавени.

По повеќе од 20 години, во март годинава во скопската Зоолошка градина се родија три лавчиња. Лавчињата, како што посочуваат од Зоолошката, одлично напредуваат под будното око на вработените кои со професионалност и внимание се грижат мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите потребни услови.

Лавчињата ја примија и првата вакцина, како превентивна мерка во ветеринарната заштита на здравјето на животните, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетници се степале па извадиле ножеви во…

СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против…

Пронајдена марихуана, приведен дилер во Скопје

На 28.09.2022 околу 19.00 часот на подрачјето…

Земал 10 милиони, не платил данок: Кривична…

Единицата за економски и компјутерски криминал при…

Да ти е страв по улица да…

На 26.09.2022 во 13.30 часот во СВР…

(Фото) Верижен судир вечерва во Скопје! Учествуваа…

Верижен судар се случи вечерва во центарот…