Се бара доживотен затвор за рускиот војник кој призна дека сторил воени злосторства

Украинското обвинителство денеска побара максимална казна доживотен затвор за рускиот војник на кого во Киев му се суди за воени злосторства, бидејќи кон крајот на февруари убил украински цивил.
На вториот ден од судењето, обвинителот побара од судот „доживотна казна“ за Вадим Шишимарин (21), пренесуваат француските медиуми.
Рускиот војник побарал прошка од вдовицата на украинскиот цивил за убиството на нејзиниот сопруг.
Овоа е прво судење за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина, што почна на 24 февруари.
Шишимарин вчера призна дека на 28 февруари го убил невооружениот 62-годишен цивил, Олександр Шелипов, во североисточното украинско село Чупахивки.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…
Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…
Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…
Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…
При напад на руски дрон врз Киев,…
Во напад со беспилотно летало на руските…
Путин бара од Украинците да земат руско…
Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…