Објавено на:

Се вжештува конфликтот Унгарија – Украина: Сијарто бара Украинците да запрат со навредите

t

Унгарското МНР го повика амбасадорот на Украина за, како што велат, навредливите коментари од Киев за ставот на Будимпешта за руската инвазија.

Според Ројтерс, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, во коментар објавен три дена по реизборот на Орбан, рече дека Унгарија ја осудила руската инвазија и го признала суверенитетот на Украина. Тој додаде дека Унгарија примила стотици илјади украински бегалци.

„Време е украинските лидери да престанат да ја навредуваат Унгарија и да ја признаат волјата на унгарскиот народ. Ова не е наша војна, затоа сакаме да останеме надвор од неа“, рече Сијарто, мислејќи на победата на Орбан на изборите во Унгарија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Орбан се плаши од влијанието на Русија и дека ќе мора да избере меѓу Москва и „оној свет“. Орбан ја осуди руската инвазија на Украина и не стави вето на санкциите на Европската Унија против Москва.

Сепак, Орбан јавно не го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин и рече дека не се согласува со санкциите против Русија. Тој ја отфрли идејата за ограничување на увозот на нафта и гас од Русија и рече дека тоа ќе ја уништи унгарската економија, пренесуваат медиумите.

Орбан извојува убедлива победа на парламентарните избори во Унгарија во неделата. По изборите, тој се соочи со критики од полските власти за неговиот внимателен став за војната во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кузмановски: Расположени сме и мотивирани, пред нас…

Ракометната репрезентација на Македонија ги одработува подготовките…

Руски медиуми: Авионот не можеше да слета…

Руските медиуми тврдат дека авионот не можел…

Данска го зголемува буџетот за одбрана на…

Данската влада најави огромно зголемување на буџетот…

Мицкоски им се извини на жителите на…

Постојат неодговорни градоначалници со неодговорни изјави, но…

Бигорски манастир: Да го прифатиме намалувањето на…

По повод двата најголеми христијански празници, Рождество…