Се вратија бугарски морнари од Мариопол: На бродот било пукано, не сакаа да кажат што барале во Украина

t

Бугарските морнари од бродот „Царевна“, кој беше блокиран во украинското пристаниште Мариупол, со владин авион денеска слетаа на аеродромот во Варна, јави дописникот на МИА од Софија.

– На парабродот сигурно имало воени дејствија. Има штета. Има над 10 удари, никој не може да ги изброи – вели член на екипажот, пишува 24 часа.

Морнарите беа пречекани од членовите на нивните семејства и од премиерот на Бугарија, Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска. Премиерот Петков им се заблагодари на сите институции, специјални служби и министерствата за перфектната организација на евакуацијата на бугарските морнари.

Морнарите не сакаа да го коментираат учеството на бугарското воено разузнавање и специјалните сили во Мариупол. Исто така и Петков и Генчовска се воздржаа од коментари. Петков само наведе дека имало два обиди за евакуација на морнарите, но оти тие биле премногу опасни.

Морнарите изјавија дека во пристаништето Мариупол биле во опасност, но откако биле евакуирани добро се однесувале со нив. Ги сместиле во хотел во Доњецк, а потоа бил обезбеден коридор за нивно заминување.

Властите во Софија продолжуваат да работат на евакуација на морнарите од украинското пристаниште Черноморск, каде ситуацијата е многу помирна и во тој случај се водат разговори со сопственикот на бродот.

Шест морнари од бродот „Рожен“ во Черноморск се евакуирани, а уште 11 други се на бродот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Прашуваат Американци каде е Украина, а…

На почетокот на руско-украинската војна, водител прави…

И МЗ се огласи за мајмунските сипаници…

Од Институтот за јавно здравје сме информирани…

Тридневна жалост во Црна Гора по трагедијата…

Владата на Црна Гора ќе прогласи тридневна…

Медведев: Има нуклеарки и во ЕУ, и…

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев упати скриена…

Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие…

Свети Евдоким Роден во Кападокија од благочестиви…