Се евакуираат американците од Украина

t

Стејт департментот им наредил на семејствата на вработените во американската амбасада во Украина да започнат со евакуација на земјата во понеделник, изјавија американски официјални лица за Фокс њуз.

Следната недела, Стејт департментот, исто така, се очекува да ги охрабри Американците да почнат да ја напуштаат Украина со комерцијални летови, „додека тие сè уште се достапни“, рекол еден официјален претставник.


Амбасадата на САД во Украина вчера доцна навечер соопшти дека по наредба на претседателот Бајден пристигнала првата пратка муниција.

Американските власти велат дека муницијата го сочинува најголемиот дел од 200.000 долари од она што Стејт департментот го нарекува смртоносна помош – потребна на украинските војници на фронтот. Американските власти, исто така, зиајвиле за Фокс дека на почетокот на следната недела се очекува да пристигнат противтенковски ракети „Џавелин“ од балтичките држави и од воените резерви на САД.

Напредните руски борбени авиони сега пристигнаа во Белорусија, северно од Украина. Пентагон е загрижен дека главниот град на Украина е „сега на удар“, додаде друг официјален претставник.

Американската влада планира да пренесе „тони“ оружје и муниција во Украина во наредните денови, велат властите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Санду: Немам информации дека Русија планира да…

Молдавската претседателка Маја Санду рече дека нема…

Русија: Прифаќањето на Украина и Молдавија како…

Русија во петокот рече дека одлуката на…

Конашенков: Руската армија го блокираше Лисичанск од…

Руската армија ја проби украинската одбрана и…

Британски бискуп: Санкциите се глупава алатка, може…

Британскиот бискуп Ник Бејнс ги нарече санкциите…

Официјален Вашингтон: Македонија што побрзо да ги…

Американската Влада излезе со став во однос…