Се е исто само него… Ковачевски: Треба да се стиши гласот на омpaзата, со Бугарија имаме повеќе сличности од разлики

t

Мандатарот за состав на нова влада, Димитар Ковачевски изрази очекување дека со новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков, кој на 18 јануари најави посета на земјава, ќе изгради конкретен и пријателски однос, со реторика меѓу двете држави која ќе биде на високо ниво.

При првата посета на Петков на Скопје, Ковачевски очекува да ги утврдат основите за натамошните разговори и формите на соработка и напредок, но и ширина на дејствување надвор од строго историски рамки и термини.


-Тоа е предуслов да напредуваме. Зближувањето и соработката меѓу двете земји во сите области од животот е важен предуслов за отстранување на сомневањата и погрешните перцепции. Јас сум подготвен да отвориме нова страница во односите со Бугарија и да изградиме искрено пријателство и подобра иднина за двете земји. Треба да се стиши гласот на омразата. Имаме реално повеќе сличности од разлики како држави и мора да се концентрираме на заедничкиот интерес. Само со ваков пристап ќе бидиме запаметени како лидери кои балканските конфликти ги надминале со европски пристап. Преку политика на взаемно почитување, градење иднина, соработка и компромиси, истакна Ковачевски во интервјуто за МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот европратеник Ќучук: После толку обиди за…

Бугарскиот европратеник и известувач за Македонија, Илхан…

Бугарски професор: Ветото е бугарска глупост на…

Бугарскиот професор Евгени Даинов вечерва во дебатниот…

Одлуката за Македонија ќе се носи во…

Коалицијата имаше многу конструктивен дијалог на темата…

Коалиционите партнери на Петков: Украина не може…

„Очекуваме да слушнеме што ќе се случува…

Бугарија има уплав од македонизмот: Ако влеземе…

Бугариja нема да ги смени своите ставови…