Објавено на:

Се исплашија од Русија? Гутереш апелира: Да го елиминираме нуклеарното оружје, пред тоа да го елиминира човештвото

t

Генералниот секретар на Обединети Нации, Антонио Гутереш, на почетокот на тридневната конференција во Виена, упати апел за нуклеарно разоружување.

На конференцијата учествуваат претставници од околу 80 земји, кои го потпишаа меѓународниот договор за забрана на нуклеарно оружје.

Да го елиминираме тоа оружје пред истото да не елиминира нас. Сегашниот глобален нуклеарен арсенал од околу 13.000 нуклеарни боеви глави е рецепт за можно уништување на планетата, со оглед на конфликтите и недовербата што ја има во светот – наведе Гутереш на Конференција преку видео врска.

Претседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Петер Маурер, го опиша Договорот за забрана на нуклеарното оружје како пресвртница. Договорот, кој стапи на сила во јануари 2021 година, ги обврзува земјите да не се занимаваат со никакви активности поврзани со нуклеарно оружје и повикува да се земат предвид хуманитарните последици.

Австрискиот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг, ја истакна итноста за целосно нуклеарно разоружување. Австрија е еден од иницијаторите на Договорот за забрана на нуклеарното оружје, што стапи во сила во јануари 2021 година.

Договорот за забрана на нуклеарното оружје досега е потпишан од 86 земји и ратификуван од 65. Целта е да се надгради Договорот за неширење нуклеарно оружје, што стапи во сила во 1970 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Естонија им го одзема оружјето на Русите…

Граѓаните на Русија или Белорусија кои живеат…

Иран ѝ даде моќно оружје на Русија:…

Русија почна да користи ирански саморазнесувачки беспилотни…

Апсење во Скопје, пронајдено оружје

На 14.09.2022 во 16.05 часот во Скопје,…

Уапсен вооружен скопјанец со многу пари во…

МВР информира дека вчера, во 16.45 часот,…