СЕ ИСПОЛНУВА СОНОТ НА СЕКОЈ ИСЕЛЕНИК ОД БАЛКАНОТ:Германија планира да го олесни процесот за добивање државјанство

t

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер презентираше делови од предлог-законот со кој треба да се олесни стекнувањето германско државјанство и според кој наместо досегашните осум, државјанство може да се бара по пет или три години легален престој.

„Наместо сегашните осум години, државјанството ќе се стекнува по пет години легален престој, а во случај на многу успешна интеграција, дури и по три години“, рече министерката Ненси Фезер (Социјалдемократската партија на Германија СПД) во интервју за неколку германски медиуми.

Брзо учење јазик

Под многу успешна интеграција, Фезер подразбира брзо учење на германскиот јазик и добра интеграција во работата или образовниот систем на земјата. „Предлог-законот е готов и е испратен на проверка до надлежните министерства“, соопштуваат од МВР.

Во истото соопштение се наведува дека деталите од законот веќе се договорени меѓу партиите од владејачката коалиција. Социјалдемократско-зелено-либералната влада во својот коалициски договор предвиде реформа на законот за стекнување државјанство. Според овој нацрт, децата родени во Германија автоматски би стекнале право на државјанство доколку еден од родителите легално престојувал во Германија најмалку пет години.

Намалени и јазични критериуми

За лицата над 67 години ќе се спуштат јазичните критериуми како услов за стекнување државјанство во иднина и ќе биде доволно барателот да може „вербално да комуницира“. „Со полесна процедура за стекнување државјанство сакаме да се запознаеме со генерацијата гастарбајтери кои дадоа значаен придонес во развојот на оваа земја“, рече Фезер.

Таа најави и дека треба лесно да се стекне двојно државјанство, што во моментов е забрането во Германија, со некои исклучоци. „За интеграција, познавањето на јазикот, образованието и признавањето на демократскиот поредок се многу поважни од прашањето дали апликантот има друго државјанство“, рече Фезер.

Неможноста да се задржи старото државјанство при добивањето на германското се смета за најголема пречка за зголемениот упис на странците, кои подолго време живеат во Германија, во регистарот на германски државјани. Граѓаните на Европската унија можат да го задржат старото државјанство и по добивањето германски пасош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Експлозии, сирени и борбени авиони во…

Експлозии, сирени и борбени авиони во Техеран.…

(Видео) НОВА ВОЈНА?! Кој го напаѓа Иран,…

Во моментов се слушаат голем број воени…

Честитки – Се одржа првиот конгрес на…

Почитувани, подржувачи, симпатизери и членови на ДЕСНА.…

(Видео) Голема експлозија во Иран, дел од…

Силна експлозија се слушнала во воена фабрика…

(Видео) Адмирал на НАТО: Подготвени сме за…

НАТО разбира дека амбициите на Русија ги…