Се испофалија: Со СДСМ и Ковачевски има рекордно зголемување на пензиите

t

Со СДСМ и Ковачевски рекордно зголемување на пензиите од 6,8% за сите пензионери, велат од партијата во партиско соопштение.

-Грижата за граѓаните и политиките на владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски доведоа до рекордно зголемување на пензиите.Околу 330.000 пензионери ќе земат септемвриска пензија повисока за 6,8 проценти.Просечната пензија, која во јули 2022 година изнесуваше 16.348 денари, со усогласувањето од 6,8 проценти во септември изнесува 17.422 денари, што е за 1.074 денари повеќе.Рекордното зголемување на пензиите се должи на новата методологија за усогласување на пензиите со комбиниран модел со порастот на просечната плата и порастот на трошоците за живот.

По стабилизирањето на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, СДСМ со инклузивен пристап, низ дијалог со сите засегнати страни, воспостави систем, според кој пензиите ќе се усогласуваат со растот на платите и трошоците на живот два пати годишно во март и во септември и никогаш повеќе нема да зависат од нечија политичка волја или да бидат предмет за уцени и манипулации на пензионерите.СДСМ продолжува со мерки и политики за вистинска грижа за сите граѓани, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: СДСМ се грижи за националните и…

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на…

Не умри магаре до зелена трева –…

Потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов, денеска се…

Каевски најавува повисоки плати и пензии од…

Во првите 10 месеци од годинава, ги…

Спасовски: Државата и граѓаните се безбедни со…

Со #СДСМ, граѓаните и државата се на…

Граѓаните да направат разлика меѓу концептот на…

Потпретседателката на СДСМ Сања Лукаревска на трибината…