Се огласи Кремлин: Влезот на Финска во НАТО е ЗАКАНА за РУСИЈА – Медведев предупредува за нуклеарна војна!

Снабдувањето на Украина со оружје ја зголемува веројатноста за конфликт меѓу Русија и НАТО, кој може да прерасне во нуклеарна војна, предупреди денеска рускиот заменик-претседател на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев.
-Обидите на НАТО земјите да ја преплават Украина со оружје, да ја обучат украинската армија со западна опрема, да испратат платеници и да одржуваат вежби во близина на нашите граници, само ги зголемуваат шансите за директен и отворен конфликт меѓу Русија и НАТО, наместо постојната посредничка војна, напиша Медведев на Телеграм.
Тој смета дека „секогаш постои ризик таквиот конфликт да се претвори во целосна нуклеарна војна“.
-Тоа ќе биде катастрофално сценарио за сите, предупреди Медведев.
Претседателот и премиерот на Финска повикаа земјата да поднесе барање за членство во НАТО „без одлагање“. Саули Ниинисто и Сана Марин во заедничката изјава рекоа дека очекуваат одлука во следните неколку дена.
Пристапувањето на Финска во НАТО ќе биде закана за Русија изјави пред малку порпаролот на Кремлин Дмитриј Песков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО МУЗЕЈОТ…
Локалните медиуми пишуваат дека пред музејот има…
УХМР издаде метео предупредување: Невреме во Македонија!
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна…
Битиќи: Да ја сфатиме потребата од преквалификација,…
Тие што сметаат дека нашата држава дава…
Министерот за правда чека амин од амбасадите:…
Поддршка имаме и сите се на став…
Џачка: Имаше спорадични случаи на бугарска асимилација…
Реална е можноста Албанија и Република Македонија…