Објавено на:

Се огласи Ле Пен: Француската левица е виновна за победата на Макрон

t

По поразот во вториот круг од претседателските избори во Франција, на кои освои 41,45 отсто од гласовите, националистичката лидерка Марин ле Пен се подготвува за парламентарните избори, како олицетворение на главната опозиција на претседателот на Француската република, јави дописникот на МИА.

Две недели по поразот во вториот круг од претседателските избори против Емануел Макрон и еден месец пред парламентарните избори, Марин Ле Пен се врати на на медиумската сцена, со цел да се задржи монополот на главен противник на реизбраниот претседател, додека левицата, обединета околу „НУПЕС“, би можела да има моќна група во Националното собрание во идниот законодавен дом. При гостувањето на најгледантите тв вести на ТФ1, поранешната претендентка на РН за Елисејската палата ја нападна изборната коалиција на левицата.

– Мислам дека логиката на институциите сака претседателот на Републиката да има мнозинство. Сите оние што кажуваат нешто друго кажуваат бајки, му се обрати со потсмев Марин Ле Пен на Жан-Лук Меланшон, кој се надева на премиерската функција по избори.

Иако таа освои 41,45 отсто од гласовите на 24 април, Французите, според Марин Ле Пен со самото тоа што влегла во вториот круг од претседателските избори зборува за расположението на гласачите. – На левата страна речиси сите повикаа да се гласа за Емануел Макрон.

Затоа тие се одговорни за изборот на Емануел Макрон. Соучесници на овие избори. Вистинското прашање, според неа е која опозиција може да се бори против политиката на Емануел Макрон кој, како што вели таа, им прави толку многу штета на Французите. Пред да ја нападне коалцијата на левицата:

НУПЕС, односно екстремната левица се здружи со левицата, опозицијата е таа што ќе ги брани буркините на базенот, која сака да ги отвори затворите, која сака да ги регулира илегалните имигранти, која сака да ги зголеми даноците за 270 милијарди (…), која сака да ја разоружа полицијата…“

Тоа неа ја наведува да мисли дека Французите „не ја сакаат таа опозиција“. Задржувајќи ја социјалната и економската тема што ја разви за време на претседателската кампања и која и овозможи да направи разлика против Ерик Земур, Марин Ле Пен конечно смета дека левицата „доаѓа да ни објасни дека (таа) ќе ја брани куповна моќ иако имаат избрано некој што ќе ја подигне пензиската граница на 65 години“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија не ја исклучува можноста да испрати…

Британскиот министер за одбрана Бен Волас денеска…

Црно ни се пишува – Таравари: Целта…

Свесни сме дека ова доближување со власта…

И Вучиќ ќе легне на брашното: Можеби…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска во…

Минатиот пат ко беа бyгapcки полицајци овде…

“Бyгаpcки полициски службеници ќе дојдат на денот…

Британски министер: Русите користат тактики од Првата…

Британскиот министер за одбрана Бен Валас изјави…