Објавено на:

Се огласи Трамп: Имам своја социјална мрежа, не се враќам на Твитер

t

Доцна синоќа, поранешниот американски претседател Доналд Трамп конечно се обрати на социјалната мрежа „Вистина“ што ја отвори пред два месеци, пишувајќи: „Се вратив!“.

Трамп го прекина молкот веднаш откако Илон Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари, најавувајќи поголема слобода на говор на таа социјална мрежа.

Твитер го блокираше профилот на поранешниот републикански претседател минатата година, наведувајќи ги стравувањата од поттикнување насилство откако неговите приврзаници упаднаа во Капитол Хил на 6 јануари 2021 година.

Трамп вели дека нема да се врати на Твитер

Републиканците ја прославија новата аквизиција на Маск со надеж дека лидерот на Тесла и СпејсИкс ќе го врати Трамп на таа платформа. Но, поранешниот претседател изјави дека не се враќа на Твитер.

Во објавата, Трамп напиша „Се вратив! #COVFEFE“, мислејќи на наводна случајна објава на Твитер во 2017 година која стана вирална.

Молкот на Трамп во Truth Social, кој го започна на 21 февруари, покрена прашања за одржливоста на неговата апликација.

Маск во средата напиша на својата „социјална мрежа“ дека „Truth Social постои затоа што Твитер го цензурирал слободниот говор“, објавувајќи подоцна дека републиканската апликација „во моментов ги победува Твитер и ТикТок“ на Епл Сторот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Толку од слободата на говор? Твитер им…

Профилите на „Твитер“ што припаѓаат на неколку…

(Фото) Маск ги претвори канцелариите на вработените…

Поранешен вработен во „Твитер“ изјави дека новиот…

Маск ги стави вработените во Твитер во…

Новиот сопственик на „Твитер“, Елон Маск, ги…

Зукерберг го “следи” Маск: Мета отпушта илјадници…

Компанијата „Мета платформс“ од денеска почнува со…

Бајден удри по Маск: Твитер шири лаги…

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги критикуваше Твитер…