Се подготвувала голема местенка: Црногорската полиција најде изборен материјал и лични карти пред утрешните избори

Полицијата во Црна Гора вечерва спроведе акција на повеќе локации со цел да спречи злоупотреби во пресрет на претседателските избори што ќе се одржат утре.
Како што јавува РТЦГ, во еден од претресите полицијата пронашла изборен материјал со имиња и етикети, додека во другиот избирачки списоци и копии од лични карти.
„Црногорската полиција во соработка со државното обвинителство спроведе активности во повеќе градови за откривање и спречување на потенцијални кривични дела поврзани со злоупотреба на изборниот процес, а извршени се и претреси на повеќе локации и прибрани се известувања од повеќе лица. “, се наведува во објавата на Твитер.
Граѓаните утре ќе избираат меѓу двајцата кандидати кои освоија најмногу гласови во првиот круг на гласање, актуелниот шеф на државата и лидер на ДПС, Мило Ѓукановиќ и претседателот на Движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ најави дека ќе распише избори до…
„Еве ќе ги објавиме до крајот на…
Анкети во САД: Предноста на Бајден пред…
Анкетите за претседателските избори во 2024-та покажуваат…
Судијата од Џорџија го потопи планот на…
Судијата од Џорџија го отфрли барањето на…
Караван со поддржувачи на Роберт Кенеди Јуниор…
Денес, поддржувачите на демократскиот претседателски кандидат Роберт…
Без изненадувања: Единствена Русија на Путин победи…
Во Русија се одржаа регионални и општински…