Објавено на:

Се поизвесно е паѓање на ветото – Трифонов: Не можам да учествувам во предавство!

t

Лидерот на бугарската партија Има таков народ Слави Трифонов денеска на Фејсбук ја коментираше парламентарната расправа на која министерката за надворешни работи од неговата партија Теодора Генчовска одговараше на прашањата на пратениците по обвинувањата на ИТН дека владата на Кирил Петков води двојна надворешна политика.

– Денеска имаше состанок на Националното собрание. Голата вистина блесна. Вистината е дека премиерот на Бугарија активно учествуваше во разговорите со странските дипломати со единствена цел – нациноално велепредавство протов Бугарија и сите Бугари. Тој ветил дека ќе го тргне ветото на Република Северна Македонија за почеток на преговорите за влез во Европската унија до крајот на француското претседателство во јуни, без Северна Македонија да ги исполни бугарските услови. Уште повеќе, преку неговата паралелна „министерка за надворешни работи“ Весела Чернева, подготвен е проект за рамковната позиција со која ќе се ревидира бугарската национална позиција. Во ова срамно издание Кирил Петков и Весела Чернева дадоа отстапки за правата на Бугарите во Северна Македонија, како и отстапки за бугарската позиција за т.н. „македонски јазик“ – пишува Трифонов.

Денеска стана јасно, додава тој, зошто ја напуштив коалицијата и ги повлеков министрите на „Има таквов народ“.

– Зборувајте ми пак за БНБ, за министерството за регионален развој и јавни работи, „Капетан Андреево“ и уште еден куп лаги пшто ви текнуваат. Ова е вистината – не можам да учествувам во предавство. Среќен Видовден – напиша Трифонов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири активни пожари до 19 часот во…

Известување од Центарот за управување со кризи,…

Николај Милков: Нужно е да зборуваме со…

Со PM имаме шанса да ги решиме…

Османи: “Северна Македонија деновиве е претворена во…

„Северна Македонија деновиве е претворена во центар…

Мирот, стабилноста и безбедноста се осигурани за…

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ,…