Се помал интерес за студирање на Градежен факултет

t

Од Градежниот факултет се загрижени за иднината на градежништвото, затоа што е намален интересот за студирање. Како што истакна деканот Марковски, уште повеќе се загрижени за иднината на државата бидејќи, држава без домашно градежништво, тешко е, дури и невозможно е да функционира.

– Бројот на запишани е соодветен. Ние изминатите две години имаме запишано околу шеесетина градежници, само по осум геодетски инженери и по два – тројца инженери по геотехника. Ние сме единствен факултет во државава од ваков тип. Можете да замислете што тоа ќе значи за понатаму, одговори деканот.

Само со трипартитна соработка помеѓу државата, односно Владата, образованието односно факултетот и стопанството претставено преку стопанските комори, посочи Марковски, може да се изнајдат решенија што ќе доведат до тоа да се подигне оваа гранка на ниво кое го заслужува, „да биде најдоходовна, да учествува со најголем процент во БДП и дури и да се направи да биде извозна“, порача Марковски.

Министерот Николоски пак посочи дека лично ќе се заложи средствата кои што Македонија ги инвестира во инфраструктура да остануваат во Македонија, да работат домашни компании, да се вработуваат луѓе од државата но уште повеќе знаењето на градежниците да останува тука и да се надградува и со тоа искуство да сме компетитивни надвор,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…

На социјалната мрежа Х се појавија видеа…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…