Се претвора ли Украина во квази членка на НАТО за геополитички и вoeн притиcok врз Русија?

t

Обидувајќи се да создадат закана за националната безбедност на Русија, западните земји постепено ја претвораат Украина во квази-членка на НАТО, изјави Дмитриј Белик, член на комитетот за меѓународни прашања на руската Државна Дума.
Со тие зборови тој го коментираше вчерашниот разговор меѓу претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден.
„Ги поздравувам и ги поддржувам сите напори на нашиот претседател да воспостави дијалог со земјите од НАТО за стратешка стабилност“, нагласи тој.
Како што рече, ситуацијата е таква што всушност ја претвораат Украина во квази-членка на Алијансата и покрај уверувањата дека тоа не се случува.
„Иако Украина официјално не е членка на Алијансата, Западот ја користи таа земја како територија од која врши геополитички и воен притисок врз Русија. Затоа е неопходно да се одржува контакт со главните меѓународни играчи за да се зачува стратешката стабилност и безбедност“, додаде тој.

Да потсетиме, Путин вчера телефонски разговараше со Бајден, по втор пат за еден месец .

Во таа прилика, американскиот претседател јасно му стави до знаење на рускиот колега дека САД немаат намера да распоредат офанзивно офанзивно оружје во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шојгу им нареди на руските војници во…

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу му…

Бенет: Западот ги прекина преговорите меѓу Русија…

Преговорите меѓу претставниците на Русија и Украина…

Захарова: Кој ќе ни суди за воени…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Разрешен министерот за одбрана на Украина

Алексеј Резников повеќе не е министер за…

Украинците ветуваат: Нема да ја напаѓаат Русија…

Украина нема да користи оружје со голем…