Се разбуди патриотот во Богоевски? Отварањето на бугарскиот клуб во Битола е ниска и дрска провокација

Поранешниот пратеник Павле Богоевски во вечерашното издание на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 го коментираше отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.
„Според мене, тоа е ниска и дрска провокација. Не е случаен чекор тоа што бугарскиот врв присуствуваше и го поддржа тоа. Важно е дека случајот е дрска провокација. Таа провокација има цел да се извади на виделина нешто што Бугарија може да го користи како алиби за говор на омраза и за антибугаризам во Македонија. Втората цел е да си обезбедат на одлуките на Судот во Стразбур за почитување на правата на Македонците во Бугарија, рече Богоевски.
Според него, бугарските власти имале цел Македонија да го забрани отворањето или реакцијата да биде толку остра и силна, што тие после може да го користат тоа дека овде има говор на омраза.
-Ова е чекор што ја урнисува целата соработка и напредок постигнат во последните неколку месеци. Се додека зборувате за надминување на историските прашања, а поддржувате вакви клубови, праќате порака на рововско закопување на позиции кои се веќе утврдени и спорни, вели Богоевски во емисијата „Само вистина“.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Акциска контрола на МВР: Казина во Прилеп,…
При спроведена контрола од страна на припадници…
Кривична пријава за директорот на битолски “Водовод”…
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола,…
ХАОС: Прилепчанец се шетал со гранта по…
Прилепчанец се шетал со граната по Широк…
Македонски и норвешки државјанин ги изгубија животите:…
Попладнево во тешка сообраќајна несреќа што се…
Масовна тепачка во Битола, едно лице е…
На 04.02.2023 во 03:08 часот во СВР…